Лажен принц го одликуваше премиерот Заев

од desk2
108 прегледи

Премиерот Зоран Заев пред два дена го примил лажниот црногорски принц Стефан Чернетиќ. Освен средбата, Чернетиќ му подарил и ореден, а фотографии од одликувањето, Чернетиќ објави на својот фејсбук профил, каде објаснува дека официјално бил пречекан од премиерот.

Минатата година Чернетиќ беше уапсен во Италија заедно со уште едно лице бидејќи самите си делеле лажни титули и организирале гала приеми каде делеле признанија.

Инаку Црна Гора уште во 2016 година ја известила Италија дека Черенетиќ лажно се преставува како принц на Црна Гора и Македонија.

Од владата потврдија дека Заев навистина се сретнал со Чернетиќ, но оти средбата била неофицијална.