САД за првпат го употребија најскапиот борбен авион во историјата

од desk2
112 прегледи

Воениот авион F-35B за првпат е употребен во Авганистан, против талибански цели, пренесува CNN. Станува збор за најскап систем на оружје во историјата.

„Во текот на мисијата воениот авион F-35B изведе напад во вид на поддршка на операциите на американските трупи на копно. Нападот беше успешен“, потврди Американската морнарица за CNN.

Авионот претставува иднина на военото воздухопловство, се работи за смртоносен и сестран авион кој комбинира способност за прикривање, суперсонична брзина, екстремна агилност и најсовремена технологија на сензорска фузија.

Авионот е една од трите варијанти на авионот F-35 и единствен кој може вертикално да слета како хеликоптер.

https://www.youtube.com/watch?v=6o4hUB2dfUA