Актерката и самопрогласена активистка Линдзи Лохан на својот Инстаграм профил објави бизарно видео во кое обвинува двајца кои очигледно се сириски бегалци за трговија со деца.

Инцидентот се случи во Москва, а во живо гледале 6,8 милиони нејзини фанови, пишува Miror.
Во видеото Лохан следи едно семејство, говорејќи им на англиски и на арапски јазик како тргуваат со деца и истовремено се обидува да увери две момчиња да тргнат со неа, како и дека таа ќе се грижи за нив.
Актерката му приоѓа на семејството и ги прашува дали им треба помош, а на децата им нуди преноќиште во хотел. Бидејќи родителите не им дозволуваат таа се расправа со нив, и ги обвинува за трговија со деца.
„погледнете што се случува, трговија со деца, вие ја уништувате арапската култура. Не дозволувате да ги поведам децата, иако тие сакаат да дојдат. Не грижете се момци, со вас сум“, вели таа.
Овие зборови ја испровоцираа жената која и пријде и ја урди актерката.
Во видеото Лохан вели дека е престрашена.