Куче со лаење го разбуди газдата од кома

од desk2
115 прегледи

Енди од Англија е најсреќен сопственик на куче. Неговото куќно милениче Теди, го спаси по втор пат со своето лаење.

Имено, Теди лаел и го разбудил газдата од кома.

Во декември лани Енди завршил во болница поради тешко воспаление на белите дробови. Престанал да дише, а лекарите биле присилени да го стават во индуцирана кома за да му го спасат животот.

Очекувале дека ќе им бидат потребни барем седум дека за тој да се разбуди од кома, па неговата сопруга чекала покрај креветот/

Место да чека сама одлучила со себе да го земем и Теди, кој е мешавина од шнауцер и пудлица.

Енди го вдомил Теди во 2012 година, пред да му биде дијагностициран рак на цревата. Низ опаката болест неговиот Теди бил постојано покрај него.

Неверојатно, но Теди повторно помогнал Енди да се опорави.