Австриец (22) изгубил паричник, а полицијата му го вратила, но приказната нема толку среќен крај.

Имено, в паричникот имало десет банкноти од 50 евра, што биле фалсификат.
Полицијата успала да го најде момчето бидејќи во паричникот била и неговата лична карта.
Тој признал дека парите ги купил онлајн со цел да купи лекови.
Во вторникот австриската полиција соопшти дека со помош на овој случај успала да најде Полјак кој онлајн продавал 10.000 евра вресни фалсификат банкноти од 50 евра, преку таканаречениот darknet.