Луѓето не се единствените кои ги чувствуваат опасностите од моќните урагани. Како овие опасни бури влијаат врз морскиот свет?

Ураганите можат да влијаат на животот во океаните и да дејствуваат десетици метри под површината, во некои случаи да ги исфрлат рибите и останатите водни животни од океаните во слатководните канали близу крајбрежните региони.
Ураганите, исто така, предизвикуваат неред со природната соленост на океанот во погодените области. Тие исфрлаат тони свежа вода на врвот, спречувајќи го кислородот да стигне до солената вода, а тоа предизвикува здравствени проблеми кај големите морски животни како китовите и делфините.
Нечистотијата и талогот од дното исто така се исфрлаат за време на ураган. Честичките лесно се заглавуваат во жабрите на рибите со што се отежнува протокот на кислород. Ова е причината зошто често гледаме купишта починати риби по урагани.
Од тоа што досега може да се види, ураганите имаат огромно влијание на целокупната животна средина.