Се зголеми бројот на загинатите,  шест дена по унишувачкиот ефект на ураганот “Мајкл” во неколку држави на САД, информира CNN.

 

Жртвите достигнаа бројка од 29 лица , од кои 19 загинаа на Флорида, шест во Вирџинија, три во Северна Каролина и една во Џорџија.

Мексико плажата во Флорида е уништена. Многу евакуири сé уште не можат да видат што останало  од нивните домови. Тие чекаат властите да ја обезбедат областа и да ги завршат операциите за барање спасување пред да се вратат.

  Повеќе од 158.000 луѓе остануваат без електрична енергија, вклучувајќи и околу 140.000 луѓе во Флорида.

Возачите чекаат долги редици со часови за да купат гориво. Жителите во најзагрозените области се потпираат само на вода и храна за да преживеат.

  Околу 4.000 трупи на Националната гарда им помагаат на властите во Флорида.

1.200 луѓе се раселени и се наоѓаат во засолништа во американската држава.