На свеченоста при потпишување партнерски договор со интитутот Гете во ОУ „Владимир Назор“ во Чепина, Хрватска, пуштена е верзија на германската химна која се поврзува со времето и идеологијата на Адолф Хитлер.

Озлогласената химна пуштена е во присуство на претставник од амбасадата на Германија и дирекоторт на институтот „Гете“.
Химната ја пуштил домарот, а кога му укажале рекол дека така му било речено.
Дирекоторт на училиштето се извинил и рекол дека домарот по грешка стегнал на погрешен линк на youtube.
Потоа се пуштени и хрватската и германската химна во инструментална верзија.