Снема марихуана во Канада на првиот ден по легализацијата, стигна и првата казна

од desk2
149 прегледи

Првиот ден по легализацијата на марихуаната во Канада, во некои делови од земјата снема марихуана поради големата побарувачка, пишува BBC.

Имено, луѓето, по промената на законот чекаа во редови пред продавниците специјализирани за продажба на лесни дроги, а многу од дуќаните ја продадоа стоката уште пред крај на првиот ден.

И онлајн продавниците се најдоа во небрано, поради големите нарачки доцнеа со достава на канабисот до купуваќите.

Сепак трговците тријат раце, па така во Нова Шкотска најмалата покраина во Канада луѓето потрошија 600.000 канадски долари или 440.000 евра.

Канадсската полиција почна да дели и казни за возење под дејство на марихуана. Првата казна е издадена во среда еден час откако конзумацијата на марихуана стана легална.