Авион на аргентинска авио-компанија преживеал лоши турбуленции на летот од Мајами до Буенос Аирес.

Леталото почнало да се тресе токму кога персоналот почнал да служи ручек, така што приборот и храната летале на сите страни.
Фотографиите го покажуваат хаосот кој настанал во авионот. Многу работи биле расфрлени по подот, а излегле и маските за кислород.
https://twitter.com/breakingavnews/status/1053165210368962561
На летот имало 192 патника, а по непријатниот лет, 8 лица биле хоспитализирани со полесни повреди.
До турбуленции доаѓа кога се судираат две воздушни маси со различни температури или брзини. Поради тоа летањето со авион може да биде многу непријатно, но безбедноста на патниците во ниеден момент не била загрозена, навеле од компанијата.
https://www.youtube.com/watch?v=EJwNzlKnVMM