Кинескиот претседател, Си Џинпинг, го отвори огромниот мост кој ги поврзува Хонгконг, Макао и континентална Кина.

„Официјално го прогласувам за отворе мостот Хонгконг-Џухаи-Макао“ изјави кинескиот претседател во краткото обраќање на церемонијата во кинескиот град Џухаи во провинцијата Гуангдонг.
По повод отворањето на мостот беше приреден огномет над повеќе делови од најголемиот мост на светот.