Реплика на Титаник го закажа првото патување за 2022 година

од desk2
93 прегледи

Идентичен брод на легендарниот Титаник ќе заплови од Дубаи во 2022 година. Бродот ќе превезува 2.400 патници и 900 членови на екипажот, пишува USA Today.

Тоа е скоро истиот број на патници од 1912 година, легендарниот брод чија трагична судбина го потресе светот. Но, овој брод ќе има многу повеќе чамци и појаси за спасување, но и други безбедносни мерки.

По испловувањето Титаник 2 ќе тргне кон Саутхемптон, градот од кој познатиот Титаник тргна на своето прво и последно патување. Ќе плови две недели, а потоа од Англија преку Антарктикот ќе тргне кон САД.

Проектот е најавуван од 2015 година и оттогаш многу пати бил одложуван поради финансиски проблеми. Неговата реализација чини 500 милиони долари.