Слика од Лиза Џоконда, позната како „Мона Лиза“, едно од најпознатите дела на Леонардо Да Винчи е „наново откриена“ во музејот Конде во Франција.

Историчарите на уметност се уште не се потполно согласни дека жената на сликата насловена „Мона Вано“ е Лиза Џоконда, но приказната станува интересна затоа што според последните претпоставки овој портрет на жена со голо торзо кој до сега му се препишувал на Андреа Салаи, ученик на Леонардо да Винчи е всушност дело на самиот Да Винчи.
Конзерваторот Бруно Мотин за Форбс вели дека делото не е целосно на Да Винчи, бидејќи се забележува дека Мона Вано е нацртана со десна рака, додека познато е дека Да Винчи бил левак. Мотин верува дека на цртежот во различни фази работеле двајцата уметници.
Се претпоставува и дека Мона Вано, нацртана со јаглен, е скица која била дел од подготовките за Мона Лиза.