Ова утрово, во 4 часот на 28 октомври , нашата земја се префрли на зимско сметање на време. Значи часовниците треба да ви бидат поставени еден час назад.
Во последниве месеци, темата за менување на времето стана особено релевантна бидејќи Европската комисија иницираше јавна дебата на тема промена на времето. Онлајн истражувањето на ЕК во текот на летото покажа дека мнозинството граѓани на ЕУ повеќе не сакаат да го се менува времето,туку да користат летно време цела година. Сепак, одлуката останува во надлежност на владите на земјите-членки.
Европската комисија предлага сезонската промена на времето да се тргне следната година. До април 2019 година, земјите треба да известуваат дали сакаат да останат постојано со астрономско (зимско) или летно време.