Хаос во Париз поради две кози и јарец: Инцидент во метрото, дојде и полиција

од desk2
82 прегледи

Човек кој денеска во париското метро внесе две кози и еден јарец предизвика хаос во подземниот сообраќај, поради што мораше да интервенираат и силите за бебедност, пренесува Паризиен.

Козите и јарецот против своја волја се најдоа во метрото, зошто претходно пред музејот Лувр ги украл еден бездомни. Козите се дел од проектот на градските власти на Париз, животните да бидат на тревникот пред Лувр.

https://www.youtube.com/watch?v=W7FO2Bzc5wk

Припадниците на обезбедувањето на метро сепак доста се намачија за од возот да ги извадат козите и јарецот, така што на крајот морале да дојдат и полициски единици со посебна опрема.

Парижаните кои се затекнаа на станицата или во возот го сликаа овој необичен настан и објавуваа на социјалните мрежи со шеговити коментари иако некои задоцнија на работа зошто сообраќајот на таа линија речиси еден час беше во прекин.