Поради густиот снег кој од утрово паѓа во Киев, Украина, се случиле околу 300 сообраќајни незгоди.

Како што јави украинската новинска агенција Униан, заменик-началникот на полициската служба, Алексеј Билошички, изјави дека ситуацијата во сообраќајот е многу сложена поради временските услови.
https://www.facebook.com/KyivOperativ/posts/620816511647772
„Во овој момент активни се сите служби за санирање на последиците. Формиран е посебен оперативен штаб кој управува и ги надгледува сите служби, меѓу кои полицијата, патните служби и Службата за вонредни состојби“, вели тој.
https://www.facebook.com/KyivOperativ/videos/1154699521343788/
Полицијата ги предупреди граѓаните да обрнат внимание на техничката исправност на возилата и летните гуми да ги заменат со зимски.
https://www.facebook.com/KyivOperativ/posts/620810061648417
„Забележавме голем број сообраќајни несреќи поради моменталната ситуација. Забележани се околу 300 сообраќајки во Киев, почнувајќи од утрото, а тоа е многу голем број“, вели тој.
https://www.facebook.com/KyivOperativ/videos/2212871582317905/
Агенцијата наведува дека снегот почнал да паѓа утрово и дека во Киев се ангажирани 350 тимови за расчистување на снегот.
Извештаи за повредени, за сега нема.