Емиратските хотели го надминаа концептот на пет ѕвездички

од desk2
118 прегледи

Хотелот „Emirate Palace“ во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати беше проценет на 3 милијарди евра и се смета за најскапата градба од 2005 година кога беше отворен.

Покрај удопствата и услугите што го квалификуваат како хотел со пет ѕвездички, внатрешноста на овој хотел е толку величествена, што може да се спореди со уметничко дело.

Ваквиот луксуз на „Emirate Palace“ е причина зошто познавачите велат дека емиратските хотели го надминуваат концептот на пет ѕвездички.

Во ходниците, собите и лобито се наместени повеќе од 1.000 лустери со Сваровски кристали кои го истакнуваат неверојатниот златен плафон.

Сепак, по повеќе од 10 години од отворањето, за одржување на хотелот во полн сјај е потребен огромен напор, а за тоа е задолжен Маној Киријакос, инженер од јужна Индија.

Тој и неговиот тим се задолжени за одржување на орнаменталниот плафон од 2.000 квадратни метри украсени со златни и сребрени листови од 22 карати. Златните листови обично траат само 4 до 5 години, па постојано се заменуваат.

За еден квадратен метар се потребни 50 златни ливчиња, а тоа чини 100 долари, а замената за сите ливчиња чини 130.000 долари годишно.

Тенките плочи од чисто злато се увезуваат од Италија, а потоа се преработуваат за да станат уште пофини. Плафонот се премачкува со црвена боја, па со посебен лепак се монтираат ливчињата.

„Сѐ е толку деликатно, мора да бидеме многу внимателни. Ливчињата се многу тенки и може да се скршат ако ви мрдне прстот како што не треба“, вели Киријакос.

Откако ќе заврши местењето, се нанесува заштитен слој.

Со оглед на тоа дека зградата на хотелот се протега на повеќе од еден километар од исток на запад, Киријакос вели дека ова е „работа што никогаш не завршува“.