На граничниот премин Брегана, на влез во Словенија, во автобус кој тргнал од Тузла БиХ, за Хамбург, се породи една патничка.

Меѓу патниците во автобусот имало жена во поодмината бременост, на која при породувањето и помогнале другите патници и возачите.
Ова на фејсбук го потврди директорот на патничката агенција, пренесе Klix.ba.
На бремената жена трудовите и почнале на граничниот премин Брегана во Словенија, а потоа мајката и бебето се пренесени со итна помош во болница.
Автобусот со другите патници продолжиле за Хамбург.