Од хотел Мериот, сега Мијалков е во затворот Шутка во обична ќелија со други притвореници..

Притвор од 30 дена му е одреден на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на барање на Специјалното јавно обвинителство, потврдија за МИА од Кривичниот суд.
Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, попладнето му ја одредил мерката притвор од 30 дена. Мијалков е обвинет во предметите на СЈО: „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“, .
Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет.

Со оглед на тоа дека екс премиерот Никола Груевски веќе доби политички азил во Унгарија, а поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на владата на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски планирале да бегаат на истиот начин, можно е лицата од Унгарија да влегле во „Мериот“ за да му помогнат и на Мијалков, пишува Либертас.
Според истиот извор од луѓе блиски на екс првиот човек на УБК, братучедот на побегнатиот Никола Груевски, од пред извесно време тој поседувал лична карта со адреса на хотелот Мериот. Токму од таму тој вќера со лисици на раце е изнесен од полициските алфи кои биле во голем број и го блокирале хотелот. Мијалков не прижал отпот за време на апсеењето.
Нашите извори тврдат дека тој се преселил во хотелот и извадил лична карта бидејки најверојатно се сомневал дека е можно да биде издаден налог за негово притварање и претрес на неговиот дом.
Хотелот Мериот, се веруваше дека е сопственост на неодамна притворениот Орце Камчев , а всушност е сопственост на притворениот Мијалков.Како и да е тие заедно ги терале бизнисите.
Последна информација е дека Сашо Мијалков во затворот Шутка е сместен во обична ќелија со други притворени лица кои не се поврзани со ниеден од предметите на СЈО.

Хашката келија се наоѓа на горниот спрат и е зафатена од неговиот кумашин Орце Камчев кој е во притвор по барање на СЈО за предметот „Империја’.
Нема комантри од ВМРО ДПМНЕ.
„Сашо Мијалков повеќе не е член на ВМРО-ДПМНЕ, не сме запознаени со деталите и причините за неговото приведување. Раководството на партијата подолго време нема комуникација со Мијалков“, вели Димче Арсовски за ТВ21.
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ минатиот месец го исклучи Мијалков од партијата заедно со Јанчев и Костадинов, а поранешниот шеф на УБК бил приведен во затворот „Шутка“ од хотелот Мериот во Скопје.
Мијалков денеска треба да се појави на суд, но ако се суди според претходно притворениот МИле Јанакиевски, можно е и да не биде донесен заради затворските процедури на негов смештај во затворот Шутка.