Вечерње новости: За Македонија, Бујановац е во Косово, така е заведено

од desk2
107 прегледи

Горан Стевановиќ од селото Жбевац кај Бујановац, Србија, од матичарите во Скопје добил официјален документ за смртта на татко му кој е од Бујановац во „Република Косово“.

„Маклу е ако се каже дека сум збует. Откако уплатив 300 денари, ми рекоа љубезно да се вратам за половина час, а така и направив. Кога го зедов документот, имав што да видам. Бев збунет и бесен“, вели Стевановиќ за „Вечерње новости“.

Во Македонија дошол по извод од матичната книга на умрените за својот татко Душан, кој по несреќата кај Бујановац 1984 година бил префрлен на лекување во Скопје, каде бил најблискиот клинички центар во кој неколку дена по несреќата, починал.

Стевановиќ вели дека кога се вратил во матично да укаже на грешката, му рекле дека во нашиот систем „така е заведено“ и дека не може ништо да се преправи.

„Не ми беше сеедно, но го зедов документот и заминав“, вели Стевановиќ, кој сега е загрижен дали неговиот документ ќе биде валиден во Србија.