Кон почетокот на овој месец, главните светски агенции пренесоа едно големо научно истражување дека нашите океани се греат побрзо отколку што претходно се мислеше.

Оваа студија била проверена од дел од најважните светски климатски експерти, а истата е објавена и во најпрестижните научни списанија. Но, со неа постои само еден проблем: таа е погрешна.
Објавен во списанието “Nature”, текстот кој бил изработен од научници од универзитетот во Сан Диего и Принстон заклучиле дека температурите на океаните се зголемени за 60 отсто отколку што биле актуелните проценки. Научниците заклучиле дека дури и најамбициозните планови за намалување на емисиите на фосилни горива морале дополнително да се зголемат.
Набрзо по објавата на ваквата публикација, еден независен експерт – еден од оние кои упорно изразуваат скептицизам за тоа дека човечкото однесување ги предизвикува климатските промени, воочил грешка во објавеното истражување.

Научниците ја признале грешката
“По корекцијата, резултатите повеќе не сугерираат зголемено загревање на океаните како што претходно беше случај”, напишал Николас Луис на својот блог.
“Само неколку часа анализа и калкулации беа доволни за да се откријат очигледно сериозни грешки во пресметувањето”, додал тој, нагласувајќи дека е важно и медиумите да ја исправат грешката од истражувањето кое го пренеле.
Кога го виделе блогот, авторите на студијата се согласиле со Луис и сфатиле дека направиле грешка. Иако новите резултати исто така сугерираат дека океаните забрзо се греат, новите пресметки велат дека зголемувањето на температурата има голем распон на можности и се движи од 10 до дури 70 отсто.
Тој случај ги навел оспорувачите на климатските промени веднаш да увидат теорија на заговор, тврдејќи дека се е скапа псевдонаука, но научниците застанале на страната на авторите на студијата, укажувајќи дека процесот на објава и корекција е токму начин на кој научните истражувања треба да функционираат.