Шпанскиот комичар Даниел Матео (29) се појави на суд во Мадрид откако наводно го навредил националниот симбол знамето, затоа што во тек на скеч на телевизија го избришал носот со шпанското знаме.

Тој може да биде казнет со затворска казна до 4 години затвор, пренесе АП.
Матео на суд одбил да сведочи, со образложение дека му треба повеќе време да се подготви за одбрана и додал дека е загрижен за имиџот на државата затоа што „кловнот изведен пред судија само ја работел својата работа“.

Како што се наведува, скечот покренал дебата за патриотизмот и ограничувањето на слободата на говор во шегите, додека некои корисници на друштвените мрежи повијаа на бојкот на каналот кој ја емитувал програмата.