Банкомат давал банкноти од 100 место од 10 долари

од desk2
100 прегледи

Банкомат што исфрлал банкноти од 100 место од 10 долари, предизвика тепачка кај корисниците, а полицијата морала да блокира цел кварт во американскиот град Хјустон поради тоа.

 

Минатиот понеделник полицијата морала да блокира цел кварт во Хјустон, поради бизарна причина, откако на социјалните мрежи се проширила веста дека еден банкомат дава банкноти од 100 место од 10 долари.


“Bank of America”, на чиј банкомат се случила грешката, набрзо издала соопштение дека за случајот е одговорен службеник во банка кој на местото за 10 долари стал банкноти од 100, нагласувајчи дека проблемот е решен.

Се почнало во неделата вечер кога еден граѓанин сакал од банкоматот да подигне 20 долари, па место две банкноти од по 10, добил две од по 100 долари.

Својата добивка ја обавил на социјалните мрежи, па набрзо пред банкоматот се створила гужва, а луѓето почнале и да се тепаат.

Банката не откри колку пари се подигната во двата часа колку што на полицијата и требало да ја растера гужвата. Од банката не бараат ни луѓето да ги вратат парите.