Шпанскиот град Кадиз си зададе тешка задача, која многумина ја нарекоа сизифовска работа.

Имано, градските челници дакаат да преместат 5.000 гулаби со километри далеку од градот по жалбите дека гулабите ги бркаат гостите од кафулињата и најпознатите локалитети.
Градксите власти наведуваат дека ќе користат најхумани методи за да ја држат популацијата на гулаби под контрола.
Се почна пред две години кога регионалната федерација на хотелиери HORECA испрати жалба дека гулабите ги бркаат гостите од терасите, од кафулињата, како и од сите познати локалитети во градот.
„КОга гулабите ќе огладнат, стануваат агресивни, а често не ни чекаат гостите да им дадат храна, туку сами си ја земаат од нив“, вели АНтониот де Марија Себалос, сопственик на ресторан и претседател на федерацијата HORECA.
Од друга страна, наездата на гулаби претставува одреден здравствен ризик за келнерите и другите вработени во кафулињата и рестораните.
„Овде никој нема ништо против гулабите или другите животни, но нешто мора да се направи додека не ни ги избркаат сите туристи или да не заразат со разни болести“, вели тој.