Поради грешка на банкоматот станал милионер

од desk2
84 прегледи

Ден Сандерс живеел на висока нога откако „измолзел“ голема банка за речиси милион евра.

Тој е само обичен човек кој работи во паб, а отишол на локалниот банкомат да извади пари. Подигнал 100 евра иако му пишувало дека трансакцијата е откажана. Потоа подигнал уште пари и одеднаш заживеал како милионер.

„Многу работи ми се во магла. Тоа прво ми паѓа на памет. Ме интересираше само забава, испивање фини вина и запознавање луѓе, само уживање“, вели тој.

Во првата недела потрошил 10.000 евра, а во 4,5 месеци дури половина милион. Сандерс признава дека сето тоа немало да го направи ако не била грешката на абнкоматот.

Мислел дека сето тоа ќе трае само седум дена, а не 4,5 месеци, колку што траел богатиот живот.