Магичен „Фестивал на мразот“ во Кина

од desk2
457 прегледи

Градот Харбин во Кина може да се пофали дека го има најголемиот Фестивал на фигури од снег и мраз во светот. Се одржува токму во овој период од годината, поточно од декември до февруари.

На официјалната страна на настанот пишува дека секоја година очекуваат од 10 до 15 милиони посетители, а фестивалот се реализира на 600.000 метри квадратни.

Како е наведено, некои од највисоките скулптури достигнуваат висина од 46 метри. За изработка на една таква се вклучени 10.000 работници и машини за пренесување на мразот.

Сето ова го прави фестивалов најголем, поголем дури и од оние во Норвешка и Квебек.

Во почетоците, на фестивалот учествувале најчесто Кинези, но сега има учесници од целиот свет.

А еве и зошто:

https://www.facebook.com/buzzfeedbringme/videos/474225433101088/