На Пулмологија одбележан „Св.Никола“ со поп, свеќи, молитва и погача

од desk2
165 прегледи

Со христијански верски ритуал, свеќи во раце, поп, молитва, погача и славско јадење распослано на клупите од амфиетатарор, колегиумот на Клиниката за пулмологија, на чело со директорот д-р Дејан Докиќ, го прослави верскиот празник ,,св. Никола“ пренесува ако.мк.

Како што се дознава од вработени на клиниката, овој верски празник е прогласен за

слава на Клиниката за пулмологија и со сите верски ритуали одбележан меѓу дел од вработените.

Но исто така, ова не е прпат да се одбележува на овој начин ,,св. Никола“, туку тоа е традиција со години,а се одбележуваат и други верски празници , како Велигден , Бадник и слично.

Вообичаено вработените меѓу себе си делат лепчиња со паричка или вапцани јајца, но славата на клиниката ,,св.Никола“ се одбележува организирано.