Повеќе од илјада двојки изминатово лето ги организирале нивните венчавки на грчкиот остров Санторини кој полека станува најпопуларно место за кажување на судбоносното „да“.

Градоначалникот на Санторини Никос Зорзос ги соопшти трендовите и дека има потенцијал островот да стане следна најпопуларнија дестинација за венчавки на светот и да му ја земе титулата на Лас Вегас.
Само изминатава година биле организирани најмалку 1.000 венчавки во разни делови на Санторини, како и „лажни венчавки“ на двојки што се веќе венчани, но сакаат свеченоста да ја одржат на живописниот грчки остров.
Најголемиот број странци кои се венчаваат на Санторини доаѓаат од Англија, односно 60%, а потоа од САД, Австралија и Нов Зеланд.
Има и многу Кинези и Јапонци кои прават „божемна“ свадбена свеченост на Санторини, бидејќи склопувањето бракови во друга земја не е признаено во нивните татковини.