Санчез негираше дека се обложил кога ќе биде отпуштен Мурињо

од Марта Пешевска
108 прегледи

Откако денеска се појавија информации во „Сан“ дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез освоил облог од 20 илјади фунти против клубскиот колега Маркос Рохо за разрешувањето на поранешниот менаџер на тимот, Жозе Мурињо, самиот играч побрза да ја демантира публикацијата.

Санчез постираше на Твитер фотографија на веста во весникот со огромен црвен натпис: „Лага !!!“

– Тоа е лага! Жозе ми даде шанса да играм за најдобриот тим во светот и јас чувствувам кон него само благодарност. Ние сме навистина обединети, напиша тој.