Маж се искачи на „Националната божикна елка” кај Белата куќа (ВИДЕО)

од desk2
171 прегледи

Драма се случуваше денеска во Вашингтон, откако маж се качи на „Националната божикна елка” во близина на Белата куќа. Тој и таму се задржа еден час пред да одлучи да се симне.

Беше повикана и полиција која повика и двајца преговарачи, кои се обидувале да го наговорат веднаш да се симне од елката.

По еден час , мажот безбедно се спушти од елката, а полицијата го уапси и пренесе во психијатрисаката болница во Вашингтон на испитување.