Како да го одберете вистинскиот црвен кармин за вас?

од desk2
126 прегледи

Празничната сезона не може да се замисли без црвен кармин. Но, потрагата по истиот може да биде проблематична и долга, бидејќи не секоја нијанса прилега на вашиот тен.

Токму затоа, во продолжение ќе ви помогнеме да го одберете витинскиот црвен кармин за вас.

Ако имате изразено светол тен

https://www.instagram.com/p/Bn9HNNqi1Rk/?utm_source=ig_embed

Дамите со изразено светол тен треба да бираат кармини со портокалов подтон. Тоа значи дека најмногу ќе им одговараат црвени кармини со портокалова нијанса. Ваквиот кармин е идеален за дамите со изразено светол тен, бидејќи го истакнуваат природниот сјај на кожата.

Ако имате умерено светол тен

https://www.instagram.com/p/Bp99cUgBhYh/?utm_source=ig_embed

-Доколку спаѓате во оваа категорија, тоа значи дека имате изразени розови подтонови. Затоа, девојките и жеите со светол тен треба да бираат црвени кармини со сини и розови подтонови. Црвениот кармин со син подтон ќе го препознате по неговиот интензитет, односнo она што во жаргон се нарекува „крваво црвена“. Од друга страна, црвените кармини со розов подтон ќе ги познаете токму по тоа бидејќи „влечат“ накај бордо, односно класична црвена.

Ако имате умрено темен тен

https://www.instagram.com/p/Blqbm6FAmf6/?utm_source=ig_embed

-Дамите со ваков тен треба да бираат кармини во нијанси на цреша. Оваа нијанса ќе ги ублажи жолтите подтонови кои ваквиот тип на кожа односно тен и ќе ги нагласи позитивните страни и на кожата и на усните.

Ако имате изразено темен тен

https://www.instagram.com/p/BWbd4S0BjtK/?utm_source=ig_embed

И овој тен има жолти подтонови, но позитивното овде е што ако сте во оваа група, можете да експериментирате со сите нијанси на црвен кармин, освен оние што важат за првата група (со портокалови подтонови). Дамите со темен тен можат да одберат и црвен кармин со нијанса на малина, што е супер избор за дневни нијанси, а за вечерни излегувања на пример црвен кармин во нијанси на виното.