4 годишно девојче за првпат оваа година е пуштено од болница за Божиќ, нејзините емоции се измешани

од desk2
126 прегледи

4 годишно девојче кое целиот свој живот го поминало во болница конечно е пуштено дома и тоа токму за Божиќ. Фалин Грејем од Илионоис е родена два месеци пред терминот што било препрека за нејзините бели дробови во целост да се развијат.

Цело време ѝ бил потребен вентилатор кој ѝ помогнувал во дишењето, а и секогаш морала да биде под надзор на докторите. Но, нејзината состојба се поправила такашто во четвртокот била пуштена дома. Во розова јакна и својата омилена плишана играчка, ги поздрави вработените кои изминатите четири години биле покрај неа.

“Тоа не може да се опише. Не можам да ги најдам соодветните зборови”, рекла нејзината мајка.

https://www.youtube.com/watch?v=cFO6Mdx6QDE

И мајката има исто така здравствени проблеми, поради лупус таа три пати неделно оди на дијализа. За девојчето да биде пуштено од болница семејството морало да изнајми медицинска сестра која би се грижела за неа додека нејзината мајка е на третмани. Таткото на девојчето починал кога таа имала само два месеци.

Во јануари здравствената состојва на девојчето започнала драстично да се подобрува. Докторите го отстранувале вентилаторот два пати дневно на четири часа, па набрзо таа станала омилениот пациент во болницата, позната по тоа што постојано трчала низ болничките ходници.

Вработените во болницата на Фејсбук се збогувале со девојчето кое со нив поминало точно 1.028 дена.