Арифи: Постапките на српската Влада се поттик за воведување нови такси

од desk4
327 прегледи

Шефот на кабинет на косовската Влада, Авни Арифи изјави дека постапките на Владата на Србија ги гледа како провокација и поттик за нови тарифни мерки.

Според него, писмото на српската премиерка Ана Брнабиќ, испратено до земјите кои ја признале независноста на Косово со барање да го повлечат признавањето, претставува „следен удар на напорите за нормализирање на односите“.

– Таквите постапки на српската Влада ги гледам како провокација и поттик за нови такси. Уште еден доказ дека тарифите треба да се укинат дури по меѓусебното признавање, истакна Арифи.

Слични содржини