Момче преживеа под лавина 40 минути

од desk2
123 прегледи

 

Властите во Француските Алпи соопштија дека 12-годишно момче е пронајдено живо и неповредено откако 40 минути било затрупано под снежна лавина.

 

Француската полиција во градот Бур Сен Морис соопшти дека момчето во средата скијало надвор од патеката, кога го потрупала голема количина снег.

Спасувачите со хеликоптер стигнале на местото на несреќата, а куче трагач го проначло момчето, кој на скијачкиот костим немало детектор за снежни лавини.

Според спасувачите операцијата била чудесна затоа што шансите за преживување под снег по 15 минути се минимални.

МОмчето е пронајдено неповредено и пратено во локалната болница на преглед.