Без рибање: Трик за чистење стаклото и решетките на рерната

од desk2
97 прегледи

Деловите во домот на кои најамлку обраќаме внимание, најлесно забораваме и најретко ги чистиме се стаклото и решетките од рерната.

Ви претставуваме начин да ги исчистите заедно и тоа без мака.

Потребна ви е една таблета за машинско миење садови, алуминиумска фолија и када наполнета со топла вода. Процесот трае најмалку три часа, а вие речиси ништо не правите.

Извадете ги решетките и стаклото, обложете ги поединечно со фолија и спуштете ги во врела вода, па додајте таблета и оставете да отстојат три и пол часа. Кога ќе ги извадите од фолијата, ќе бидете изненадени од изгледот на решетките и стаклото.

Трикот е во тоа што алуминиумската фолија има хемиска реакција со таблетата за миење садови и ги чисти предметите.