Јапонецот Рјоју Кобајаши победи денеска во Оберсдорф, на ски скоковите одржани во рамки на традиционалната новогодишна турнеја Четири скокалници.

Кобајаши во првата серија скокна 138,5 метри, додека во втората беше нешто послаб со 126,5 метри, но сепак го освои првото место со вкупно 282,3 бода.
Второто место го зазеде домашниот натпреварувач Германецот Маркус Ајзенбихлер со скокови од 133 и 129 метри и вкупно 281,9 бода
Австриецот Штефан Крафт беше трет со вкупно 280,5 бодови и скокови од 131 и 134,5 метри.
Норвежанецот Андреас Стјернен беше четврти, а петти Полјакот Давив Кубацки.
Следното натпреварување во рамки на Четирите скокалници е на 1јануари во Гармишпартенкирхен.