Често во нашето општество неверојатни предрасуди се прераскажуваат, а иако повеќепати се разоткриени, луѓето и понатаму веруваат во нив. Ова се напопуларните за влијанието на студениот воздух на човековото тело.

Да се трие со снег човек кој смрзнал на улица
На човекот и онака му е студено, а ние ќе го соблечете на сред улица и ќе го триете со снег? Не, тоа е потполно погрешно. Малите крвни садови на мразот стануваат многу кршливи, па со остри потези можат лесно да се повредат и можно е да се предизвика инфекција. Исто така, за луѓе со слабо срце таквата шок-терапија воопшто не е корисна.
Смрзнат човек ќе внесете во топла просторија и ќе го избањате со врела вода
Човек во таква состојба е потребно постепено да го загревате. Прво, капење во врела вода ќе биде голем шок за него. Второ, од наглите промени на температура во крвта може да се створат тромбови, а тоа може да има сериозни последици. Најдобро е да почнете да го загревате во млака купка, на температура од 20 степени Целзиусови и постепено да зголемувате до 40.
Алкохолот одлично загрева
Да, на многумина така им се чини. Кога пијат алкохол, имаат чувство дека пријатна топлина се шири низ телото. Но, тоа е лажно чувство. Алкохолот го намалува чувството за студено, но организмот неадекватно реагира на надворешното окружување и човекот кој е поднапиен не може да ја контролира својата состојба. Како резултат на тоа, смрзнувањето настапува побрзо. Статистиката зборува дека во повеќе од 90 отсто случаи луѓето се смрзнуваат ако се поднапиени.
Луѓето чии одредени делови од телото се залепени за некои метални предмети, треба што побрзо да ги одвоиме од нив
Тоа е погрешно, затоа што на тој начин ќе им створиме уште поголема траума. Најдобро е металот да го полееме со топла вода, но тоа не секогаш е можно. Во такви ситуации потребно е металот да се загрее со помош на здивот. Така ќе се олесни положбата на смрзнатото лице.
Менингитисот е последица на неносење капа
Не, менингитисот е инфекција и неа не ја предизвикува смрзнувањето. Менингитисот има три главни патогени? вирус, габичка или бактерија. Всушност тоа е воспаление на мембраните на мозокот или рбетниот мозок. Организмот заради смрзнување слабее и станува поподложен на инфекции, но тоа не е главен причинител на менингитис.
Немојте да вдишувате студен воздух, ќе ве заболи грлото
Причината порадфи која не боли грлото е почеток на настинка, а кашлицата е можна последица на инфекција. Но, студениот воздух никако не може да биде причина за болка во грлото. Некои лекари советуваат да не се избегнуваат зимските прошетки, затоа што имунитетот тогаш работи со „полна пареа“. Самооблечете се потопло.
Зимно време не е можно да заработите изгореници од сонце
Ако ги погледнете луѓето кои штотуку се вратиле од скијање на планина, речиси сите се со темен тен. Објаснувањето е многу просто: мразот и снегот одржуваат многу поштетно зрачење отколку земјата во лето. Затоа во сончеви, студени денови крем за сончање никако не е вишок.