2 часа телевизија дневно го прават вашето дете попаметно

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Секој родител сака неговото дете да биде паметно за да успее во животот. И затоа можете да му помогнете да започне со ограничување на сите штетни ефекти врз неговиот мозок. Една неодамнешна студија покажува дека треба да го ограничите пристапот до ТВ, лаптоп, таблет и други мобилни уреди на два часа на ден.

Прекумерното дремење пред екранот нурнати низ социјалните мрежи или гледање на глупави програми може да го ограничи развојот на мозокот на адолесцентите. Истражувањето спроведено од Истражувачкиот институт CHEO во Отава, покажува дека децата на возраст меѓу 8-11 години, кои поминуваат пред електронски уреди повеќе од два часа покажуваат со 5% пониски когнитивни способности, пишува Daily Mail.

Научниците велат дека престојот пред екранот не го стимулира мозокот, туку спротивното. Тој, исто така води до влошен сон, кој го спречува растот. Истражувањето во кое учество зеле 4500 деца се фокусира на врската помеѓу поминато време пред екранот, спиење и физичка активност. Децата и нивните родители пополниле прашалник на темата и резултатите покажуваат дека само 20 деца ги добиваат препорачаните: доза спиење на деноноќие во износ од 11 часа, час физичка активност и лимитирано време пред екран.

Децата биле подложени на когнитиве тест кој ги мери нивните говорни способности, размислување, концентрација, употреблива меморија, брзината со која исполнуваат одредени “задачи”. Едно на секои 3 деца (29%) успеало да се впише во однапред дефинираните индикатори за возраста, а 4 од 10 (41%) се опфатени еден од показателите.

Една четвртина (25%) од децата опфаќаа 2 препораки дневно, а еднно од пет успеа да ги покрие сите. Излезе дека често кај сите деца кои не ги покажуваат очекуваните способности е дека тие гледаат телевизија и играат на компјутер повеќе од два часа дневно.

Американската студија покажува дека децата во САД поминуваат во просек околу 3,6 часа пред екранот.