Убиствата паднаа за 45% во текот на изминатата деценија. Во 1990 година во градот имало 2 245 убиства.

Во 2018 година американскиот град Њујорк може да се пофали со рекорден пад на убиствата, соопштија од полициските служби.
Најголемиот американски град има регистрирано 289 убиства во 2018 година, 1% помалку од минатата година и е најниско ниво од 1950-тите.
Убиствата паднаа за 45% во текот на изминатата деценија. Во 1990 година во градот имало 2 245 убиства.
По 8% пораст на убиствата, во првата половина од минатата година, на крајот на 2018 Големото јаболко заврши со рекордно низок број на убиствата, а во октомври се слават и првите денови без пукање од 25 години.
Градоначалникот Бил де Бласкао и честиташе на полицијата за работата и рече дека овие податоци исто така се постигнаа благодарение на “соседската полиција”, која стапи во сила во 2015 година.
Оваа политика подразбира создавање на односи меѓу луѓето во соседството за да може полесно да се идентификуваат потребите на заедницата и да се изгради доверба. И додека убиствата (кои паднаа за 7,7%) паднаа, градот забележа рекордни високи стапки на силување, кои пораснаа за 22,4%. / АФП