9 употреби на мајонезот што не ги знаевте

од desk2
80 прегледи
  • Ако имате заплеткана гума за џвакање во косата, со мајонез можете лесно да ја отстраните. Заплетканата коса намачкајте ја со мајонез и оставете 2-3 минути. Потоа нежно, со чешел отстранете ја гумата за џвакање.
  • Пред маникир натопете ги прстите во сад со мајонез. Држете ги околу 5 минути за да омекнат кожата и ноктите.
  • Мајонезот отстранува и дамки од пастелни боички на ѕидовите за само 5 минути. На секоја дамка нанесете тенок слој мајонез. Оставете да отстои, потоа избришете со сува чиста крпа.
  • Ако сакате да отстраните етикети од метални, дрвени или пластични површини, тоа можете да го направите без видливи оштетувања. Процедурата е едноставна, мајонезот премачкајте го преку етикетата. Маслото ќе го отпушти лепакот, после што ќе биде доволно само да ја поминете провршината со сува крпа.
  • Мајонезот успешно ја отстранува прашината од листовите на растенијата. Натопете сува крпа во мајонезот и избришете го секој лист. На овој начин ќе се постигне сјај, а исто така ќе се спречи акумулација на прашината на листовите, барем некое време.
  • Лесно можете да ги отстраните паразитите кои живеат на скалпот на косата, како вошки и гниди. Пред да одите да спиете ставете мајонез на скалпот и добро измасирајте. Косата прекриете ја со капа за туширање, оставете да стои цела ноќ. Следното утро темелно исплакнете ја косата и расчешлајте ја со чешел или четка.
  • Чисти и дамки од чаши на дрвени површини. Ставете две до три лажици мајонез на крпа и премачкајте го местото со дамките. Оставете ја крпата врз дамките околу 15 минути или подолго, ако е потребно.
  • Составот на мајонезот е хранлив за ноктите, спречува епидермис и го забрзува неговото лекување. 3 пати неделно ставете мајонез на рацете, чекајте кожата да го апсорбира, потоа рацете исплакнете ги во јаболков оцет да ја неутрализирате миризбата од мајонезот.
  • Пукнатина на дрвен мебел е невозможно да се избегне. За да го решите овој проблем, дупките пополнете ги со мајонез и оставете да стои најмалку два дена, потоа исчистете со обична крпа. Комбинација на масло и протеини е добра за дрвото.