Колку пати досега сте си рекле дека ќе почнете да вежбате, да јадете поздраво, да ги оставите цигарите, да бидете финансиски поодговорни…?

Се чини имаме повеќе изговори отколку реални одговори, а професорката Аманда Кроувел се занимава токму со оваа проблематика – одбегнување да ги направиме работите што знаеме дека може да ни го сменат животот на подобро.
Не станува збор за обична секојдневна прокрастинација. Ваквата „намерна саботажа“ можеби ви се чини неверојатна – кој свесно не би го направил она што ќе му помогне да живее подобро? Па, повеќето од нас.
Таа го идентификува проблемот како состојба на умот наречена „одранбен неуспех“. Во нејзиниот говор за TEDTalks, Кроувел која е когнитивен психолог, универзитетски професор, терапевт и спикер, објаснува кои се трите причини за ова и како да го надминете овој проблем.