Запленет пиштол од шестгодишно дете во градинка

од desk2
157 прегледи

Полицијата од американската држава Охајо заплени пиштол од шестгодишно дете во градинка.

Полицијата од градот Колумбус добила дојава дека детето носи нешто тешко во панталоните.

Не е познато дали пиштолот бил наполнет , но на полициските фотографии се гледаат и куршуми покрај запелнетиот пиштол.

Се истражува како детето дошло до оружјето. Директорот на градинката Тајри Полард изјави дека им напишал пријава на родителите дека детето ќе се соочи со соодветна казна, но не е познато каква.