Ѓозе Мурињо од овој викенд работи како стручен коментатор на телевизијата beIN Sport. Харизматичниот португалски стручњак изнесе некои свои интересни ставови.

Со оглед на тоа дека неодамна доби отказ од Манчестер Јунајтед, се уште е во фокусот на збиднувањата во соблекувалната на „Црвените ѓаволи“.
Така Специјалниот објаснуваше некои работи , но на малку поинаков начин.
„Дали се расправав со Лука Модриќ: Не. Дали се карав со Хавиер Занети. Не. Дали се расправав со Марко Матераци: Не. Дали се карав со Френк Лампард? Не. Дали се карав со Немања Матиќ? Не. Може овде да седам два часа и да набројувам примери кога се во прашање иргачите со кои немав никакви проблеми. Еве и Вилијан на пример. Дали се карав со него? Не. А зошто не?“, праша Мурињо.
Специјалниот потоа продолжи во свој стил.
„Во денешно време, во процесот на едукација на играчите, ти како менаџер не смееш да бидеш сам. Тоа е како вос емејството. Ако таткото е тој кој постојано го едуцира детето, тоа на крај ќе ја сака мајката, а ќе го мрази таткото“, појасни Мурињо.
Jose Mourinho has passionately defended his style of management after being sacked by Manchester United. pic.twitter.com/mjxTQ4HfzH
— ESPN FC (@ESPNFC) January 20, 2019