Многу опасна акробација на група туристи ќе заврши на суд.

Имено, компанијата Royal Caribbean сака да поднесе тужба против екипа туристи кои го снимале својот пријател како скока од 11 кат од бродот за крстарење, директно во море.
По овој инцидент, кој, за среќа, поминал добро, капетанот на бродот ги исфрлил од неговиот брод, а потоа компанијата ги ставила на црната листа на кои им е забрането до крајот на животот да крстарат со нив.
Ник Најдев (27) скокнал од 30 метри височина во морето, додека бродот бил усидрен на Бахамите. Неговите пријатели сето тоа го снимале, а потоа го закачиле видеото на социјалните мрежи.
Бидејќи снимката за кратко време е прегледана неколку илјади пати така го привлекле и светското внимание, но имале и мноштво критики.