Агна Вагнер од канадскиот Милервил минатата година сериозно го повредила грбот поради што тешко се движи низ својот голем имот.

Поради тоа одлучила да ја продаде куќата за 17, милиони долари.
Но, никако не успевала да ја продаде, па ја снижила цената. Сепак, куќата останала непродадена.
Затоа, одлучила да ја организира наградна игра, а куќата ќе му ја продаде на оној кој ќе напише најдосетливо писмо. За учество на конкурсот треба да се уплатат 25 долари, а таа се надева дека ќе има многу заинтересирани и дека ќе собер приближно толку пари колку што сакала да заработи од продажба на куќата.