Службата за контрола на летови во Нов Зеланд тврди дека не може да пополни работни места за кои не се потребни никакви посебни квалификации, пишува Дејли меил. Нудат почетна плата од 95.000 новозеландски долари или околу 57.000 евра годишно за само четири работни дена неделно.

Единствен услов е кандидатите да имаат најмалку 20 години и завршено средно образование.
„Моментално вработуваме и сакаме да ни се јават кандидати кои ќе бидат подготвени да работат кај нас. Мислам дека многу различни луѓе би можеле да работат, но немаме многу пријави“, вели главниот менаџер Тим Бојл, а пренесува Индекс.х
По основните тестови и проверки за способност, следи платена обука и тренинг за контролор на лет во траење од 12 месеци.