Цел викенд поминала заглавена во лифт

од desk2
149 прегледи

Една жена од Њујорк останала затворена во лифт цел викенд, во зградат на милијардер за кого работи, а пожарникарите ја спасиле дури во понеделникот.

Маритаз Фортализа (53) влегла во петокот навечер во лифт во зграда на Менхетен која му припаѓа на инвестицискиот банкар Ворен Стивенс.

Семејството Стивенд не било дома во текот на викендот и открило дека Маритес е заробена во лифтот кога се вратиле во понеделникот, објави Њујорк тајмс. Ги алармирале пожарникарите кои го отвориле лифтот.

Фортализа која им помага низ дома на Стивенст веќе 18 години, префрлена е во болница. Таа дехидрилара, но инаку е добро/

Како што е објавено, Фортализа била заглавена меѓу вториот и третиот кат во зградата.