Во иранската престолнина не е дозволено да се шета куче, за да не се шири страв меѓу граѓаните.

Во Техеран забрането е шетање кучиња во рамки на официјалната кампања чија цел е намалување на бројот на сопственици на кучиња.
„Добивме дозвола од канцеларијата на градскиот обвинител и ќе ги преземеме сите мерки против луѓето кои шетаат кучиња на јавни места, како паркови“, вели шефот на полицијата на Техеран Хосеин Рахими.
Забраната стапи на сила затоа што кучињата предизвикуваат страв и уплашеност кај граѓаните, а бидејќи се смета дека овие мерки не се доволно драконски, Рахими додаде дека и возењето куче во автомобил е забрането.