Прекрасните езера на планината Тимфи и ридот Смоликас, оддалечени се неколку километри, а кријат возбудлива легенда.

Регионот Епир во северозападна Грција е планинско подрачје меѓу Јонското МОре и планинскиот венец Пинда на исток. Нејзиниот назив потекнува од грчкиот збор за копно, односно континент. По ослободувањето од Османлиите југоисточниот дел и припаднал на грција, а подоцна му е придружен и југозападниот дел. Северниот дел Епир е доделен на Албанија.
Едни од најпознатите грчки езера се наоѓаат токму во Епир, а се викаат Драколимни. Едно езеро е на планината Тимфи, а другото на ридот Смоликас, и оддалечени се неколку километри едно од друго.
Според локалното предание, два змеја непријатлеи некогаш живееле на планината. При нивните битки летале карпи и борови, пробивајќи ја Земјата и создавајќи волшебна природа каква што може да се види денес.
Но, митските змејови кои демнат внатре во езерата, ги нема. Место тоа, ќе пронајдете водоземци кои уживаат во прекрасните предели. Бидејќи помалку наликуваат на митските суштества, мештаните ги нарекуваат „мали змејови“.