Страшното руско село од кое никој не смеел да излезе

од desk2
157 прегледи

Даргавс во Северна Осетија – Аланија, се нарекува и руски град на мртвите, бидејќи крие стотина гробници во кои се погребани луѓе со сите овоземјенски добра.

Станува збор за село кое на прв поглед изгледа многу идилично. На рабовите на селото доминираат камени куќички кои се изградени во перидот меѓу 14-от и 16-от век.

Сепак, идиличните куќи се всушност гробници во кои се погребани некогашните жители. Некои куќи имаат само еден кат, а други и до четири.

За ова место за раскажуваат многу легенди. Некогаш се верувало дека никој нема да излезе жив од Даргавс, па околното население го избегнувало во широк лак. Луѓето претпоставуваат дека за таа приказна е виновна чумата која се појавила на ова место во 18-от век.

Локалното население ги сместило болните жители во камени куќи на брдото, а од таму не смееле да излезат се до својата смрт. Толку затоа Даргавс денес го нарекуваат “град на мртвите”.